Често Поставувани Прашања
Како да знам која влошка да ја изберам?
За да пронајдете влошка која Ви одговара можеби ќе треба да испробате неколку, па дури и да погрешите при првиот избор. Ако имате обилен циклус, сигурно ќе ви треба подолга влошка со крилца за максимална заштита. Ако циклусот Ви е послаб, ќе ви биде поудобно со пократка влошка. Со влошките Ви препорачуваме да почнете со посилна заштита и полека да го намалите нивото на заштита се додека не ги осознаете своите потреби - ова може да Ви помогне да избегнете евентуални непријатности. Кога почнува вашиот циклус тој е пообилен на почетокот и послаб при крајот. 90% од вашиот менструален тек се губи во првите три дена.
Дали ќе имам некаква непосакувана миризба ако користам влошка?
Доколку одржувате основна хигиена (туширање или капење) и редовно ја менувате својата влошка, тоа ќе спречи да се развие мирис. Меѓутоа, секое тело има свој природен мирис.
Може ли влошката да испадне од мојот долен веш?
Повеќето влошки имаат лепливи траки на дното дизајнирани посебно да се прилепат и држат на Вашиот долен веш. Покрај тоа, уникатните крилца на Лунабела и Амор влошките имаат флексибилни краеви за да се растегнат и да одговараат на формата на вашиот долен веш. Се лепат за страните на Вашиот долен веш и Ви обезбедуваат неподвижност на влошката и странична заштита.
Може ли да носам влошка со мини здолниште?
Да, се додека носите долен веш за да влошката има на што да се залепи.
На кој принцип функционираат влошките?
Влошките се "прилепуваат" за Вашиот долен веш со помош на лепливи траки. При употреба на влошката само остранете ја заштитната хартија која ја покрива лепливата страна и притиснете ја влошката на Вашиот долен веш.
Може ли да носам влошки кога тренирам?
Да. Повеќето жени забележале дека лепливите траки, крилца и/или соодветниот долен веш ја држат влошката на место и обезбедуваат потполна заштита дури и во текот на многу активни спортови како што е играњето ракомет или одбојка. Единствениот спорт при кој не можете да носите влошка е пливањето.
Како се ослободувате од влошките?
Некои влошки се поединечно завиткани во пластична амбалажа. Употребената влошка можете да ја замотате или завиткате во пластичната обвивка од новата влошка и да ја фрлите во корпа за отпадоци. Исто така, употребената влошка можете да ја завиткате во тоалетна хартија и да ја фрлите. Никогаш не фрлајте ја влошката во нужник бидејќи може да се зачепи.
Алергични ли се некои луѓе на влошки?
Пред ХИПС да направи производ, материјалите детално се испитуваат. Но не се сите луѓе исти, и мал број од нив можеби е осетлив на материјали кои за повеќето луѓе се добри.